Целиот тим ја избричи главата како поддршка за соиграч што се бори со канцер (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарите на португалскиот тим Боа Хора го привлекоа вниманието на јавноста откако му дадоа поддршка на својот соиграч кој се бори за нешто поважно од ракометот, односно за живот и здравје.

Целиот тим ја избричи главата како знак на солидарност со соиграчот Нуно Пинто на кој летото му беше дијагностициран канцер, а 28-годишниот ракомета веднаш започна со лекување.

Пинто е капитен на Боа Хора и во овој момент не може да биде дел од својот тим и да му помогне во борбата за опстанок во најдобрата португалска лига.

Боа Хора сè уште нема победа после одиграни 13 кола во сезоната.