Хуанин Гарсија: Ме избркаа, а не знам зошто

Екипата на Адемар отпушташе раометари и тренери за време на паузата поради коронавирусот. Први својата реакција ја искаќаа од Здружението на ракометари од Шпанија, а сега се огласи и ветеранот Хуанин Гарсија.

Тој беше играч на првиот тим на Адемар и тренер на вториот, но веќе нема да има никаква улога во екипата и ќе може да ја побара својата иднина во друга екипа.

„Во ниту еден момент немаше поплаки од мојата работа. Никој не може да процени дали некој добро или лошо ја врши својата задача без да биде присутен во овој процес, а нашиот претседател никогаш не присуствувал на тренинг. Работата беше што пропуштив неколку натпревари на првиот тим, тренерскиот персонал не ми е допадна и тие решија да ме отпуштат. Мојата кандидатура за асистент на Маноло Каденас не беше разгледана“, вели Хуанин Гарсија.

Тој е еден од највозрасните ракометари во Асобал, а сега почна и тренерска кариера, но очигледно дека истата ќе мора да ја продолжи во друг тим.