Хрватски судии за дуелот меѓу Мотор и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртото коло во Лигата на Европа.

Хрватската судиска двојка Давор Лончар и Зоран Лончар ќе го суди двобојот меѓу украинскиот првак Мотор Запорожје и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

Делегат на овој дуел ќе биде Германката Рита Ерман Вулф, а ќе се игра во Диселдорф утре со почеток во 18:45 часот.

Битолчани досега загубија дома од данскиот Архус и германскиот Фуксе Берлин, додека славеше на гости кај Агуаш Санташ.