Хрватски и швајцарски репрезентативец кажа крај, на прошталниот натпревар играа Шмид, Дувњак, Зорман, Циндриќ…

Некогашниот репрезентативец на селекциите на Хрватска и Швајцарија, Ник Томинец, стави крај на кариерата со проштален натпревар.

Во словенечкиот град Копер беше одигран прошталниот натпревар кој имаше хуманитарен карактер, а во салата „Бонифика“ продефилираа многу поранешни и актуелни ракометари.

Меѓу нив беа Енди Шмид, Домагој Дувњак, Урош Зорман, Лука Циндриќ, Дејан Бомбач, Жарко Шешум, Мануел Линигер, Миха Зарабец и уште многу други…

Томинец стави крај на кариерата на 32 години поради здравствени проблеми, а од сезоната 2011/12 настапуваше во Швајцарија за Криенс Луцерн и Кадетен Шафхаузен.