Хрватска ќе ги тестира Кушан и Мараш, повик и за вардарецот Чупиќ

Селекторот на хрватската репрезентација, Хрвоје Хорват го објави списокот на 22 ракометари на кои ќе смета за дуелите со Словачка и Унгарија во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Хрватската селекција припремите ќе ги започне во Свети Мартин на Мура. На 28 и 29 април, Хрватска ќе игра против репрезентацијата на Словачка во Вараждин, а на 1 мај избраниците на Хрвоје Хорват силите ќе ги одмерат со силната Унгарија во Веспрем.

На списокот меѓу повиканите ракометари се и двајцата членови на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и Томислав Кушан. Младиот ракометар од битолскиот тим имаше блескави партии на меѓународна сцена, причина поради која се најде и на списокот, додека Кушан кој се врати на терените по повредата влезе во свој елемент.

Место во репрезентативниот табор на новиот селектор имаше и за ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ. Меѓу повиканите ракометари се најде и поранешниот член од Автокоманда, Халил Јагањац и екс ракометарот на Вардар и Металург, Лука Циндриќ.