Хрватите сакаат регионална лига со екипи од Македонија, Австрија, Унгарија..

Ракометарите на Нексе со две победи дома и на гости во Битола го елиминираа Еурофарм Пелистер од Лигата на Европа, со вкупни 51:47 обезбедија место во четвртфиналето од ова натпреварување.

После победата против битолскиот состав спортскиот директор на Нексе Ведран Зрниќ во разговор за „Спорт Клуб“ откри некои свои размислувања.

„Се уште сме под впечатоци на победата, патувавме 12 часа и одигравме одличен натпревар на квалитетно ниво. Атмосферата беше прекрасна, таква не може да се доживее на нашите простори. Штета, еден клуб мораше да испадне, но мило ми е што ние поминавме, покажавме дека сме подобар тим, испраќам честитки до момците и сите во клубот“, изјави Зрниќ.

Поради ситуацијата во Украина и руската инвазија ракометарите на Нексе не играат во СЕХА лигата, од една страна тоа е добро според него, но има и мани.

„Нас тоа ни одговара поради густиот распоред, но повторно не би било добро да ја нема таа лига поради развојот на младите играчи. Сега пр. да испадневме од Европа не би играле ништо освен хрватската лига, за нас тоа би било убиствено затоа што имаме голем ростер на играчи, три или четири месеци голем дел од нив само би тренирале. На сите ни е жал, но така е како што е. Можеби би било добро да се направи некоја регионална лига каде што би играле словенски, македонски, клубови од БиХ, Унгарија, Австрија. Тоа е добро за собирање искуство, како играчки така и организациски“, смета Зрниќ.