Хрватите играа фудбал – погледнете како се покажаа Карачиќ, Циндриќ, Дувњак… (ВИДЕО)

Во Вараждин Хрватска ги одработува подготовките во кои нема да одигра натпревар туку ќе ги искористи за репрезентативците да бидат што е можно повеќе подготвени за баражот со Финска во април.

Марин Шего и Игор Карачиќ се вратија во репрезентацијата после пропуштеното Европското првенство, а тука е и капитенот Домагој Дувњак кој во изминатиот период имаше проблеми со повреда и коронавирус.

Атмосферата во хрватската репрезентација е добра, а доказ за тоа е тренингот од селекторот Хорват на кој репрезентативците играа фудбал.