Хрватите бесни: Французите чудно загубија, тоа не им се случува често!

Франција загуби од Португалија со пресврт во самиот финиш со 29-28 и тоа значеше пласман на овие две селекции на Олимписките игри, а елминација на Хрватска.

Хрватите се бесни на Французите, а селекторот Хрвоје Хорват вели дека е чуден начинот на кој тие беа поразени.

„Не го гледав натпреварот, но чудно ми е што изгубија така лесно предност од три гола во самиот финишот, бидејќи тоа не им се случува често. Победивме на два меча, но загубивме од нив и тоа скапо не чинеше“, вели Хорват за „Спортске Новости“.

По четири учества во серија, Хрватите ќе пропуштат настап на Олимпијада.