Холанѓанките имаат нов селектор, Јохансон две години ќе ги предводи ,,лалињата”

Шведскиот стручњак Пер Јохансон е нов селектор на женската репрезентација на Холандија, пишува handbal.nl.

Тренерот на Ростов Дон се договорил со ракометната федерација на Холандија да ја предводи женската репрезентација во наредните две години.

„Горд сум и среќен што добив шанса да бидам селектор на Холандија. Мојата задача ќе биде да направам рамнотежа меѓу младоста и искуството.Ќе имаме кратко време за подготовки за мечот со Германија но навикнат сум на тоа. Moтивиран сум и со нетрпение го очекувам собирот”,изјави Пер Јохансон.

Водењето на клуб и репрезентација не би требало да претставува проблем за Јохансон бидејќи претходно освен работата во Ростов Дон беше и селектор на репрезентацијата на Црна Гора.