Холандија ја откажа БиХ, веќе е јасно кои се конкуренти на Македонија

Со победата над БиХ од 39:25 репрезентацијата на Холандија се промовираше во кандидат за висок пласман и за место во полуфиналето од ЕХФ шампионатот кој вчера стартуваше во Скопје.

За ракометарките на Холандија ова беше втора победа со која практично дојдоа до втор триумф против послабите селекции во групата Б каде што е и Македонија. Воедно ова беше показател дека репрезентативките на Македонија ќе мора да бидат максимално внимателни в среда.

Утре, Македонија игра против Фарски острови и ова е исто така важен натпревар бидејќи со победа ќе има полуфинале во едната рака. Инаку, Фарските острови денеска го совладаа Косово со 34:15.

ЕХФ ШАМПИОНАТ ДО 19 ГОДИНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА Б

КОСОВО – ФАРСКИ ОСТРОВИ   15:34 (2:17)

БИХ – ХОЛАНДИЈА         25:39 (13:18)

ТАБЕЛА: 1. Холандија 4 бода (92:39); 2. Фарски острови 2 (34:15, -1 меч); 3. Македонија 2 (39:28, -1 меч); 4. БиХ 0 (53:78); 5. Косово 0 (29:87).