Хокеар за првпат гледаше ракомет во живо: Импресиониран сум! Сакам повторно да дојдам…

Хокеарот Алексеј Баженов за првпат во Русија присуствуваше на ракометен натпревар од женското ракометно првенство.

Тој во живо го следеше натпреварот помеѓу Универзитет и Ставропол, а по натпреварот искажа големо воодушевување од она што го видел.

„Натпреварите од плеј-офот секогаш се разликуваат од оние во првенството. Секој тим сака да победи и затоа понекогаш се користат и разни трикови, па и се прекршуваат правилата. Претходно гледав ракомет само на телевизија или интернет, денес за првпат со задоволство присуствував на ракометен натпревар во живо“.

Она што го видел на теренот многу го потсетувало и на хокеј.

„Да бидам искрен, навистина сум импресиониран. Тоа што го видов ме потсети на хокејот, истите финти, постојаните движења, додавањето до соиграчот, отварањето во слободен простор, одигрувањето повратна топка…Девојките на голот беа фантастични. Знам дека Универзитет во следното коло ќе игра против ЦСКА и навистина би сакал повторно да дојдам“, истакна Баженов.за „izvestiaur.ru“.