Хмирова отвора ново поглавје во кариерата, ќе биде асистент тренер во Вардар

Некогашната ракометарка на Вардар и руска репрезентативка, Татјана Хмирова, започнува тренерска кариера.

Таа во пролетниот дел од сезоната ќе и биде асистент на Драгана Ристова на клупата на „црвено-црниот“ тим.

Русинката по една полусезона се врати од шпанскиот тим Тенерифе, а сега ќе се посвети на тренерската работа во Скопје.

Таа беше дел од Динамо Волгоград, пред да се пресели во Вардар, со кој пет пати настапи на Ф4 во Лигата на шампионите, додека потоа играше за унгарскиот Шиофок и шпанскиот Тенерифе.

Вардарки обезбедија место на завршниот турнир во Купот на Македонија, а претстојниот викенд ги очекува и стартот на Женската лига.