ХЕНДИКЕП за Еурофарм Пелистер – заврши сезоната за Мартин Велковски!

Десниот бек на Еурофарм Пелистер и македонската репрезнтација Мартин Велковски, нема да игра ракомет до крајот на оваа сезона.

Тој ги повреди лигаментите на коленото на еден од тренинзите и неопходен е оперативен зафат, па сезоната за него е завршена.

Стратегот Жељко Бабиќ на десната бековска позиција ги има на располагање Мирко Радовиќ и Матео Мараш.

На натпреварот против АЕК Атина покрај Велковски, нема да астапи ниту Јосип Периќ, кој нема сериозна повреда, но мора да мирува.