Хансен: Распоредот е жесток, ама нема да кукаме

Левиот бек Микел Хансен дебитираше за данскиот Алборг во Лигата на шампионите на мечот со Целје и веднаш стана најдобар стрелец.

Неговиот тим има тежок распоред, покрај дуелите од ЛШ, на програмата се и тешки натпревари од данскиот шампионат, но Хансен вели дека нема да се жалат.

„Имаме жесток распоред, но затоа веќе зборувавме порано – нема никако да кукаме. Мора да покеме дека имаме одлична екипа и неколку одлични ракометари, кои веќе се навикнати на таков ритам. Мислам дека видовте како нашите ривали се обидуваат да не натрчаат, но покажавме дека имаме екипа што е подготвена за напорите во натпреварите што се играат преку два-три дена“, вели Хансе за данската TВ2.

По трумфот против Целје, Алборг го чека незгодно гостување кај Елверум во Норвешка во рамките на ЛШ.