Хансен за Карабатиќ: Тој е неверојатен лидер на кој сите во тимот можат да се потпрат

Еден од најдобрите играчи во светот, левиот бек на репрезентацијата на Данска и екипата на ПСЖ, Микел Хансен имаше многу пофални зборови за неговиот колега од францускиот тим Никола Карабатиќ.

Карабатиќ и на 36 години сè уште игра на врвно ниво, а Хансен во изјава за данскиот сајт europamester.dk уште еднаш ги потенцираше неговите квалитети.

„Јас секогаш бев фасциниран од него. Тој е неверојатен лидер на кој може да се потпрат сите во тимот. Во исто време, тој е најдобар во тешки ситуации. Карабатиќ го знае сето тоа и знае што значи за францускиот ракомет“ рече Микел Хансен.

Двете ѕвезди на светскиот ракомет и натаму остануваат во ПСЖ како главни играчи во тимот на бековските позиции. Страшната бековска тројка на ПСЖ Карабатиќ, Хансен, Сагосен од наредната сезона ќе биде ослабена откако Норвежанецот одлучи да се пресели во Кил.