Ханинг: Мора да се поклопат коцките за да има ракомет до крајот на сезоната

Во моментите кога цела Европа е загрижена заради опасниот коронавирус скоро сите првенства освен во Белорусија се прекинати и паузираат. Продолжувањето на сезоната е неизвесно, а исто така кога ќе биде одигран следниот натпревар не може да се претпостави.

Извршниот директор на Фуксе Берлин не е оптимист дека Бундес лигата и првенствата ширум Европа ќе се доиграат, туку дека ова е крај на клупскиот ракомет за сезонава.

„Мислам дека нема да се игра ракомет во наредните недели и месеци. Според мене само натпреварите од квалификациите за Олимписките игри ќе останат на календарот. Сè уште сме оптимисти, но мора многу коцки да се поклопат за да има ракомет до крајот на сезоната“, коментираше Ханинг.

Бундес лигата засега објави крај на првенството во женска кокнуренција, а и купот е под знак прашалник. Додека пак клубовите во машка конкуренција не сакаа да има победник без да се одиграат натпреварите и ќе почекаат уште извесен период пред да ја донесат конечната одлука.