Фуксе го „победи“ Нант, Берлин ќе биде домаќин на Ф4 во ЕХФ Купот

Двократниот победник во Купот на ЕХФ, екипата на Фуксе Берлин ја доби организацијата на завршниот турнир во 2020 година.

Во одлуката која ја донесе извршниот комитет на ЕХФ, Берлин беше избран за град домаќин, а најголем конкурент му беше Нант. Завршниот турнир во ЕХФ купот ќе се одигра викендот на 23/24 мај 2020 година, а натпреварите по групи започнуваат на 8/9 февруари 2020 година.

Ова е втор голем настан кој ќе се одржи во Берлин во 2020 година после квалификацискиот турнир за Олимписките игри. Во сабота на 23 мај се полуфиналните средби, а во недела на 24 мај се финалето и натпреварот за третото место.

Фуксе Берлин беше домаќин на турнирот две години по ред во 2014 и 2015 година, а после четири години настанот повторно се враќа во „Макс Шмелинг Хале“ арената. Во 2015 година Фуксе Берлин за прв пат го освои трофејот од ЕХФ купот во својата арена откако го совлада Хамбург.

Завришниот турнир во ЕХФ купот во 2020 година ќе биде последен во историјата, затоа што после оваа сезона натпреварувањето ќе преименува во Европска ракометна лига.