Французи ќе делат правда на дуелот меѓу Бидасоа и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото коло на групната фаза во Лига на Европа.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе гостува во Шпанија кај незгодната екипа на Бидасоа Ирун.

Дуелот на македонскиот и шпанскиот претставник ќе го водат француски судии. Делегирани се Рауф Гасми и Карим Гасми. Делегат на Европската ракометна федерација ќе биде Антонио Гулао од Португалија.

Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 6 декември, со почеток од 20:45 часот.

Покрај овој дуел, во петтото коло од групата Д на Лигата на Европа ќе играат Агуаш Санташ – Мотор Запорожје и Фуке Берлин – Архус.