Французите задоволни: Имавме добра ждрепка, добро е што ќе играме во Скопје

Вчера се одржа ждрепката за Европското првенство кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора од 4. до 20. ноември. Македонија доби тешка група во која се уште Холандија, Романија и Франција.

Македонската репрезентација првиот натпревар на Европското првенство ќе го игра против Франција на 5. ноември. Селекторот на Франција Оливие Крумболц е задоволен од ждребот на неговата селекција.

„На Европското првенство нема толку изненадувања како што е случај на Светското првенство. Ние се наоѓаме во дел од кој ги избегнуваме скандинавските селекции (Данска, Норвешка и Шведска). Така кога се ќе се собере ждребот не беше лош. Посебно сум задоволен што и главната рунда ќе ја играме во Скопје“, изјави Крумболц.

Во Франција се надеваат дека ќе стигнат до главната рунда со максимален број бодови од четирите натпревари со што би вкрстиле со групата во која се Полска, Шпанија, Црна Гора и Гемранија. Французинките се во серија од три настапи на фајнл-фор турнирите на последните три Европски првенства. (Шведска 2016 – бронзен медал) (Франција 2018 – европски шампиони) (Данска 2020 – сребрен медал).

Пеколен распоред: Македонија отвора со Франција, на крај двобој со Романија