Франција перфектна до полуфинале: Шпанија без сили за изненадување

Во последниот натпревар од Европското првенство, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Франција ја совлада Шпанија со резултат 36-23(17-9). Во дуел без резултатско значење Франција го завери својот пласман на првата позиција во група 2 и остана перфектна во походот кон нова титула.

Триколорите заедно со Црна Гора патуваат за Љубљана каде ќе се одиграат полуфиналните дуели, а ќе им прави друштво Холандија која ќе игра за петто место на турнирот против Шведска.

По воведното одмерување на силите, Франција до 10 минута создаде предност од три голови, разлика која до 21 минута премина на седум голови (12-5). Предност која ја задржаа до самиот крај. Во последните триесет секунди од првиот дел, две екипи постигнаа по еден гол, а со звукот на сирената Уголин ги постави највисоките и конечни 17-9.

Французинките го зголемија водството на почетокот на вториот дел за еден гол, а високата разлика ја одржува до крајот на натпреварот. На средина на второто полувреме Франција ја надмина двоцифрената граница, па до крајот на натпреварот само беше прашање на разлика со која ќе се заокружи конечниот резултат. По шеесет одиграни минути Франција победи со конечни 36-23.

ГРУПА 2

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
12654018
2353026
3-253026
4-952125
5152034