Франција остана без голмани пред Мундијалот

Голманката на Мец и репрезентацијата на Франција, Лора Глозе на натпреварот од Лигата на шампионите против Ференцварош ги повреди предните вкрстени лигаменти, а тоа ќе ја одалечи од терените најмалку до крајот на годината. Ова значи дека сигурно го пропушта Мундијалот во Јапонија.

Глозе не можеше сама да го напушти теренот, а сериозноста на повредата се потврди после деталните прегледи во понеделник. Таа има оштетување на вкрстените лигаменти и најчесто ваквата повреда се третира со конзервативно лечење. Постои можност да има потреба и од операција што сигурно Глозе би ја одалечило и од Олиписките игри.

Загриженоста за голманската позиција ја истакна и селекторот на Франција, Оливие Крумболц.

„Ова е многу лоша вест и за Лора и за националниот тим. Таа еден од најдобрите голмани во земјата. Во недостаток на трудната Клеопатра Дарле, најверојатно нашиот голмански тим на Светското првенство ќе го сочинуваат Амандин Лејно и младите Катрин Габриел и Роксана Франк“, изјави Крумболц