Франција знае како треба – Освоија злато добија уште еден олимписки циклус

Репрезентациите на Франција имаа одлични настапи на Олимписките игри во Токио каде што ги освоија златните медали, а ова значеше давање на доверба на селекторите на двете селекции и за следниот период на Гијом Жил и Оливие Крумбхолц добија уште еден олимписки циклус.

Според ова тие ќе ги предводат националните тимови и во следните три години. Крумбхолц има 63 години и зад себе има огромно селекторско искуство. Тој беше на клупата на сениорската репрезентација на Франција од 1998 до 2013 година. Потоа имаше три години пауза, за од 2016 година одново да биде поставен за селектор.

Жијом Жил пак дојде на местото на Дидие Динар и е краток време со ракометарите во однос на неговиот колега од женскиот состав. Тој покажа дека може да ја врати Франција на старите патеки и докажа дека имаат квалитет. Успеа да дојде до златото што му беше и можност за нов договор на 45-годишниот поранешен репрезентативец на Франција.

„Уште пред Олимписките игри имавме одлучено да ја продолжиме соработката. Знам дека на тренерите им треба мир под овие околности и затоа ние работевме на ова многу порано. Затоа можам да кажам дека селекторите ја добија довербата уште пред Олимиските игри“, вели претседателот на Ракометната федерација на Франција, Филип Бана.

Како што е познато, Франција е домаќин на Олимписките игри во 2024 година, па на домашен терен ќе треба да се бранат трофеите.