Фленсбург ја реши голманската позиција: Буриќ останува до 2024 година!

Германскиот шампион Фленсбург на долг рок го реши голманското прашање. Босанскиот интернационалец Бенјамин Буриќ го продолжи актуелниот активен договор за уште три сезони.

Тој имаше важечки договор валиден и за следната сезона, а го продолжи за три, па треба да остане на северот од Германија до 2024 година.

Буриќ брани во одлична форма оваа сезона, реши многу натпревари во Бундес лигата, а ја дели минутажата со норвешкиот чувар на мрежата, Торбјорн Бергеруд.

Претходно босанскиот репрезентативец беше дел од словенечкиот Горење, а имаше настапи и за бундеслигашот Вецлар.