Фленсбург ја продолжи соработката со Јоханес Гола до 2026 година

Поранешниот европски шампион, Фленсбург реши да ја продолжи соработката со Јоханес Гола до 2026 година. Капитенот на машката репрезентација на Германија со екипата на Фленсбург имаше активен договор до 2023 година, но поради неговите добри настапи, двете страни решија да соработуваат на подолг временски период.

Гола изјави дека е задоволен од новата соработка со екипата на Фленсбург. Солидните резултати од претходните години, како и добрата атмосфера во екипата биле причина да го продолжи својот договор.

„Јас и моето семејство се чувствуваме во Фленсбург како да сме дома. По преговорите, веднаш ми стана јасно дека би сакал да останам во Фленсбург. Веќе постигнавме многу со овој прекрасен тим и имаме уште многу да направиме заедно. Би сакал да продолжам да учествувам во развојот на клубот. Многу ми одговара стилот на играта и филозофијата на тимот. Со нетрпение очекувам да работам успешно со моите соиграчи и стручниот штаб и во наредните години“, изјави Гола за клупската страна на Фленсбург.

Младиот пикер во Фленсбург пристигна во текот на 2018 година од Мелсунген. Пред да заигра во Мелсуген настапуваше за пониско рангирани клубови од Бундес лигата.