Финците објавија список – за Македонија се враќа најдобриот играч (ФОТО)

Селекторот на Финска, Ола Линдгрен објави скратен список од 16 ракометари за последните две кола од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

За разлика од првиот меч кога гостуваа во Скопје, сега Финците ќе сметаат на својот најдобар играч, Нико Ронберг. Тој од францускиот Иври се врати назад во татовината, ја надмина повредата и се врати во форма, па ќе има што да покаже и против Македонија.

Линдгрен ќе има на расолагање 13 играчи и 3 голмани, а во составот ќе бидат и Тему Таминен и Бенјамин Хеландер, кој игра во одлична форма во шведскиот шампионат.

Нашата репрезентација е веќе пласирана на ЕП, но мора да победи на гостувањето во Финска за да го задржи најмалку второто место во групата.

Натпреварот меѓу Финска и Македонија се игра на 28 април во Рихимаки од 18:00 часот.