Финалето на ЕП ќе почне со задоцнување од 15 минути!

Слично како и во петокот, кога двете полуфинални средби доцнеа по 15 минути, ист случај има и денеска.

Финалето меѓу Шпанија и Шведска ќе започне од 18:15 во „МВМ Арена“ во Будимпешта, а причината се Франција и Данска.

Двете селекции играа продолженија од два пати по пет минути, па следуваше доделување на медали.

Затоа Шпанците и Швеѓаните не можеа навреме да излезат на терен и да се загреваат за натпреварот.

Веројатно поучена од ова искуство, ЕХФ во иднина ќе размисли за три часа пауза меѓу натпреварите на кои може да има продолженија на финалниот викенд.