Филип Николов е нов десен бек на Бутел Скопје

Десниот бек Филип Николов по три години се враќа во Бутел Скопје. Николов потпиша договор на две сезони со Бутел и ќе формира дуо со Кристијан Давитковски на десната бековска позиција.

Тој е задоволен што се враќа во клубот каде што настапуваше, сега како поискусен и очекува висок пласман во сите натпреварувања.

„Најпрвин сакам да и се заблагодарам на управата на Бутел Скопје за довербата што ми ја пружи како играч. Чест и задоволство ми е што после три години се враќам во тимот кој ми е добро познат, клуб со голем проект и големи амбиции. Во овие три години собрав доста искуство од Суперлигата и сметам дека можам да му помогнам на клубот за уште повеќе победи и успеси. Со поголемиот дел од играчите имам соработувано и сметам дека лесно ке се адаптирам во тимот. Настапите во Европа за мене како играч се многу важни исто како и настапите во Суперлигата и посакувам со Бутел Скопје да оствариме висок пласман во сите натпреварувања“, изјави Николов.

Николов потекнува од Велес, а покрај за Бутел Скопје настапуваше и за Радовиш и Охрид. Претходно бутелци се засилија со Стефан Крстевски, а договорите ги продолжија Стефан Стојчевиќ и Владимир Јевтиќ.