Филип Лазаров го однесе Интерактив во повисок ранг!

Тимот на Интерактив, каде што тренер е поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров се пласираше во Третата лига на Германија.

Интерактив на едно коло пред крајот обезбеди промоција ранг повисоко, откако славеше против Рефрат со 28-18, а главниот конкурент Коршенбурах загуби дома од Ахен.

Лазаров е среќен поради пласманот во Третата лига.

„Среќен сум и горд на мојот тим и сите што беа дел од овој успех. Можам само да им заблагодарам од срце на играчите, стручниот штаб и на Бастијан Шлиеркамп, кој да ми ја даде шансата да бидам тренер на тимот. Заслуживме пласман во Третата лига“, изјави Лазаров.

Тимот на македонскиот стратег досега во сезоната на коло пред крајот нема ниту еден пораз на 25 натпревари.