Филип Кузмановски е позитивен на коронавирус, веќе е во изолација во Германија!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е позитивен на коронавирус и ќе мора да биде во изолација во Германија.

Тој по враќањето од Египет беше кратко во Македонија, а потоа требаше да им се приклучи на клупските колеги во Хановер.

Сепак по пристигнувањето во Германија добил позитивен тест и ќе ги пропушти првите натпревари од Бундес лигата во пролетниот дел од сезоната.

Според објавата на социјалните мрежи на клубот, Кузмановски по две недели би требало да се врати во тренажен процес.