Ференцварош ја пронајде замената за легендарниот Елек

Екипата на Ференцварош, која во штотуку изминатата сезона заврши на второто место во Лигата на шампионите, најде наследник за довчерашиот тренер Габор Елек.

Нов предводник на некогашиот голем ривал на Кометал ЃП ќе биде искусниот Мартин Албертсен.

Данецот има богата биографија, во својата кариера беше предводник на неколку познати клубови, додека на репрезентативно ниво ја извршува селекторската функција во женската сениорска репрезентација на Швајцарија.

Албертсен работеше како тренер во поранешните шампиони на Данска – Виборг, Копенхаген и Рандерс. На интернационално ниво ги предводеше Лајпциг и Битинхајм од Германија.

Ференцварош по 15 години ќе добие нов тренер