Ференцварош оди во осминафинале, Крим ќе виси до последното коло!

Денес стартуваше 13. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција, а до крајот од регуларниот дел од најквалитетното европско натпреварување треба да се одигра уште едно коло.

На денешните натпревари победа остварија екипите на Есбјерг, Ференцварош, Сторхамар, Вајперс Кристијансад и Мец.

Будуќност на гостувањето во Данска кај Есбјерг доживеа висок пораз од 30:20. Откако беше нерешено 9:9 домаќинките направија серија од 8:0, поведоа со 17:9 и веќе во 40 минута беше познато како ќе се одвива останатиот дел од дуелот.

Избраничките на Бојана Поповиќ со пет победи и едно реми обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите и во последното, 14. коло од регуларниот дел ќе атакуваат на нова победа против турскиот шампион Кастамону.

Повремената репрезентативка на Македонија, Андреа Седлоска заедно со Локомотива Загреб беа поразени од Сторхамар, со резултат 31:22. Ракометарките на Ненад Шоштариќ капитулираа уште во првото полувреме, кое што заврши во корист на гостинките со 17:12.

Од групата Б, директен учесник во четвртфиналето е Мец од Франција, додека за 2. позиција, која исто така носи директен пласман во игра се екипите на Есбјерг и Ѓер. Вајперс Кристијансад  и ЧСМ Букурешт како првопласирана, односно второпласирана екипа од група А обезбедија директен пласман во четвртфиналето.

По поразот кај Вајперс Кристијансанд, словенечкиот Крим ќе виси за местото во осминафиналето, бидејќи во игра за две места се уште и Битигхајм и Брест Бретањ. Ференцварош со триумфот токму против Битигхајм, го потврди место во осминафиналето на елитното натпреварување.

ЛИГА НА ШАМПИOНИ, 13. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД – КРИМ 36:31 (20:15)

ФЕРЕНЦВАРОШ – БИТИГХАЈМ 28:23 (10:12)

ЧСМ БУКУРЕШТ – БРЕСТ БРЕТАЊ (05.02.2023)

БАЊИК МОСТ – ОДЕНСЕ (05.02.2023)

ГРУПА Б

ЕСБЈЕРГ – БУДУЌНОСТ 30:20 (15:19)

МЕЦ – РАПИД БУКУРЕШТ 36:34 (20:17)

ЛОК. ЗАГРЕБ – СТОРХАМАР 22:31 (12:17)

ЃЕР – КАСТАМОНУ (05.02.2023)

Освен во Лигата на шампионите, денес се одиграа и неколку натпревари во Лига на Европа. Валчеа ремизираше против Турингер, 32:32 (16:17), додека Париз го доби дерби дуелот против Вац со два гола разлика 26:24 (12:15).