„Фармацевтско“ дуо за атракции – Петровски и Ѓукиќ (ВИДЕО)

Еурофарм Работник загуби од Загреб со 27-28 во осмото коло од регионалната СЕХА лига на последниот натпревар во Битола за оваа година.

Сепак битолчани беа рамноправен ривал и се бореа максимално до крајот, а од овој дуел вреди да бидат одбележани двата гола на Милан Ѓукиќ, на кои им претходеа атрактивни асистенции од искусниот Михаил Петровски.

Десниот бек најпрво од зад грб го проигра српскиот интернационалец, а потоа во свој стил асистираше за цепелин повторно на Ѓукиќ.

Ова не е  првпат тие двајца да имаат одлична соработка, бидејќи и претходно на дуелите од Лигата на шампионите, имаа атрактивни додавања и погодоци.