„Уште 100 минути да игравме, немаше да загубиме“

Селекцијата на Црна Гора го освои бронзениот медал на Европското првенство, откако славеше над Франција по продолженија со 27-25.

Селекторката на Црна Гора, Бојана Поповиќ, вели дека дури и да се играло уште 100 минути, немаше да го загубат овој натпревар.

„Од утрото имавме посебно чувство дека ова ќе биде наш ден. Прво мојот роденден, славје за тоа, па потоа овој најубав подарок. Уште не сум свесна што направивме. Фајтерска борба, па таа ситница која не однесе во продолжение, останавме и без Итана. Прашав која е спремна да влезе место неа, сите кренаа раце. И тогаш знаев – уште 100 минути да игравме, немаше да загубиме. Црна Гора треба да го слави овој голем успех. Медалот е круна на се што направивме минатите 20 дена. Сите бевме како една“, изјави Поповиќ за црногорските медиуми.

Црна Гора можеше и многу порано да го реши овој натпревар, но дозволи Франција да направи камбек и да го однесе мечот во продолжение, каде сепак избраничките на Поповиќ издржаа до крај.

Црна Гора е бронзена на ЕП!