Уште шест македонски тренери по Мастер лиценца во Хрватска

Пет поранешни репрезентативци и една поранешна репрезентативка на Македонија се на списокот на учесници на 2. Модул за мастер тренерска лиценца кој ќе биде организиран од страна на Ракометниот сојуз на Хрватска.

Meѓу нив се и тројца членови на стручниот штаб на Кирил Лазаров во машката сениорска репрезентација на Македонија, Аце Јоновски, Билјана Црвенкоска и Филип Миркуловски. На списокот се и уште тројца поранешни репрезентативци Горан Кузманоски, Влатко Митков и Зоран Петковски.

Се работи за втор Модул, а истиот ќе оди онлајн поради ситуацијата со коронавирусот.

Како предавачи се наведуваат неколку еминентни тренерски имиња меѓу кои се и стратези кои имаат работено во Македонија. Како предавачи се наведени: Лино Червар, Хрвоје Хорват, Драган Аџиќ, Миљенко Рак, Драган Ѓукиќ, Марта Бон, Владо Шола, Марко Шибила, Ненад Рогуљ, Никола Форетиќ и Ненад Звонарек.

Планот е за седум дена да бидат комплетирани 60 часови предавање. Инаку, има вкупно 33 кандидати кои доаѓаат од Македонија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Швајцарија, Италија и Германија.