Уште му се игра ракомет – Стојковиќ потпиша за швајцарскиот Винтертур

Србинот Растко Стојковиќ се сели во Швајцарија и таму ќе настапува за екипата на Винтертур, откако потпиша договор до крајот на сезоната. Иако има 39 години, кружниот напаѓач не размислува за пензија.

Србинот ќе биде вистинско засилување за Винтертур на пикерската позиција бидејќи екипата остана без услугите на Јаник Стершлија, кој поради повреда ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Стојковиќ најголемиот успех го постигна во 2012 година каде со својата репрезентација го освои сребрениот медал на Европското првенство.

На клупско ниво има богата интернационална кариера, настапуваше во клубови како Келце, Нордхордн, Мешков Брест…Последните две години ги помина во Србија играјќи за Војводина и Херцеговац.