Уште едно признание за Лазаров – Најдобар десен бек во колото во Франција

Селекторот на Македонија и ракометар на Нант, Кирил Лазаров доби ново признание откако се најде во најдобриот тим на најсилната лига на Франција во 17. коло.

Лазаров и неговите колеги одиграа нерешено против тимот на Екс ан Прованс (23:23). На оваа средба Лазаров беше стрелец на шест гола и одигра најдобро во екипата која денеска ја очекува натпревар во Лигата на шампионите против составот на ППД Загреб.

Во изборот на најдобрата седумка во 17. коло од првата лига на Франција, Лазаров се најде со Јасин Идризи (Лимож, голман), Лукас Пелас (Монпелје, лево крило), Торбен Петерсен (Истр, лев бек), Ахмед Хешам (Ним, централен бек), Педро Портела (Трембле, десно крило), Артур Лене (Монпелје, пивот) и Карл Конан (Екс ан Прованс, дефанзивец).

Ова е само уште едно признание за најдобриот македонски ракометар така што и понатаму има награди за него и за неговата игра.

Овој избор е направен од страна на Здружението на професионални ракометари во партнерство со Лекип.