Уште една екс вардарка кај Саздовска и Песоа во Дунареа

Амбициозниот тим на Дунареа Браила веќе го составува играчкиот мозаик за следната сезона во која ќе атакува на титулата во Романија. Откако го продолжи договорот со македонската репрезентативка Јована Саздовска, Дунареа објави дека тренер ќе биде Данецот Мортен Субак.

Субак го водеше Бразил до титулата светски првак, па логично е што носи бразилски репрезентативки во тимот.

Според романските медиуми, нова ракометарка на Дунареа треба да биде левото крило Дајана Пирес Да Роча, која го носеше дресот на Вардар во сезоната 2012/13. Да Роча потоа се врати во Бразил, играше за норвешкиот Молде, францускиот Бур Де Пеж, а сезонава игра во шпанскиот Салуд.

По екс голманката на Вардар, Маиса Песоа, договор на две сезони потпиша средниот бек Ана Паула Родригес, а се очекува промоција и на десното крило Џесика Кинтино и левиот бек Самара Да Силва.