Уште еден удар за Рајн Некар – заврши сезоната и за шведскиот репрезентативец?

Тимот на Рајн Некар Левен во наредниот период ќе мора да биде без услугите на ракометарот Лукас Нилсон.

Шведскиот репрезентативец има повреда на ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените неколку недели. Засега нема точни информации кога стратегот Љубомир Врањеш повторно ќе може да смета на неговите услуги, но голема е веројатноста Рајн Некар до крајот на сезоната да биде без неговите услуги.

Сезонава во дресот на Рајн Некар Нилсон одигра 23 натпревари и постигна 57 голови. Дресот на овој тим го носи од 2020 година кога пристигна од редовите на Кил.

Ќе потсетиме Рајн Некар веќе остана без капитенот Генсхајмер кој се повреди во март и тој сигурно нема да се врати до крајот на актуелната сезона.