Уште еден Данец позитивен на коронавирус, браќата Ландин и Мелгард во изолација…

Данскиот репрезентативец Ласе Мелер, кој поради повреда го пропушти двомечот со Македонија од квалификациите за Европското првенство во 2022, е позитивен на коронавирус.

Тој иако не настапи, тренираше со соиграчите на собирот во Алборг, пред да се врати во неговиот клуб Фленсбург, кој вчера објави дека има позитивен играч, а данската федерација денеска потврди дека се работи за Мелер.

Вчера исто така беше објавено дека Ханс Линдберг доби позитивен тест на коронавирус и тој ќе ги пропушти престојните средби од осминафиналето на Лигата на Европа со Фуксе Берлин, како и три средби од Бундес лигата.

Браќата Никлас и Магнус Ландин заминаа во изолација иако имаа два негативни тестови по ред и нема да играат за Кил на денешната средба со Кобург, а исто така и цимерот на Линдберг, Хенрик Мелгард е веќе во изолација.

Уште еден клуб што е погоден од коронавирус е хрватскиот првак Загреб, кој веќе ги одложи средбите од Купот на Хрватска и регионалната СЕХА лига против Татран Прешов.