Ускудар немаше решение за Моника Јанеска

Македонската интернационалка, Моника Јанеска, игра одлична сезона во турскиот шампионат. Формата и стекнатото искуство го покажува од натпревар во натпревар со одлична игра и како прв стрелец за нејзиниот тим Коњалти.

Коњалти во денешниот натпревар гостуваше кај екипата на Ускудар и забележа пораз од 34:28. Само Македонката беше на ниво во нејзиниот тим и беше стрелец на десет погодоци.

Коњалти останува на осмото место на табелата со 12 бодови во конкуренција на 12 тимови. Во досегашните натпревари забележа 6 победи и осум порази.

По одличните партии низ Турција, селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, ја смести Моника Јанеска на поширокиот список на репрезентативки за квалификациите за бараж натпреварите за СП.