Урнебесно: Шпанска новинарка се качи на кутија за да „изгледа“ висока колку Кире Лазаров (ФОТО)

Легендарниот Кире Лазаров минатиот викенд беше присутен во „Ланксес Арената“ на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Иако не е активен на терените, секогаш е интересен за медиумите, а така беше и овојпат, кога даваше интервју за шпснакта ТВ3.

Урнебесен момент се случи кога новинарката на ТВ3, Миреја Висенте Диез, мораше да се качи на кутија за да „изгледа“ доволно висока колку Лазаров.

Иако е многу пониска од Лазаров, Диез се снајде одлично, а тоа убаво изгледаше на ТВ екраните. Шпанката потоа се пофали за „потегот“ на социјалните мрежи.