Управата на Бундес лигата донесе важна одлука во корист на клубовите

Комисијата за лиценцирање на клубовите во Бундес лигата донесе одлука сите клубови од првата и втората лига да добијат лиценца за натпреварување за следната 2020/21 сезона.

Екипите во Бундес лигата имаат обврска да исполнат одредени услови како би добиле право за настап во најдобрите две лиги во Германија. Но со оглед на моменталната ситуација во ракометот и спортот управата на Бундес лигата овозможи сите клубови да добијат лиценца за наредната сезона.

Со оваа одлука комисијата за лиценцирање сака да испрати мотивирачка и неопходна порака до сите клубови за што подобро да се справат со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Во меѓувреме голeм број од клубовите во Бундес лигата наоѓаат различни начини и мерки да ја ублажат загубата од ситуациајта. Најчеста мерка е откажување на играчите и вработените во клубовите од дел од своите плати.

Единствена екипа која не доби лиценца е Крефелд која воопшто не ни поднесе барање за лиценца во определениот рок до 1 март 2020 година.