Petar TOPIC (03), Adrián SIPOS (02), Richard BODO (39) and Patrik LIGETVÁRI (11) during the handball match Iceland vs Hungary, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 18.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Унгарците со огромни загуби поради раната елиминација од ЕП – околу 2 милиони евра!

Репрезентацијата на Унгарија, која на Европското првенство заедно со Словачка беа домаќини, не успеа да обезбеди место меѓу најдобрите 12 репрезентации на континенталниот собир.

Унгарците беа во група заедно со селекциите на Холандија, Исланд и Португалија. Од групата на Унгарија, место во следната фаза обезбедија само Холандија и Исланд, додека Унгарија и Португалија го завршија настапот на ЕП уште во раната фаза.

Со елиминацијата на Унгарија стана сосема јасно дека трибините на следните натпревари во мултифункционалната арена во Будимпешта нема да бидат исполнети до последното место, како што беше во случајот кога играше домашната репрезентација.

Елиминацијата на Унгарија значеше и голема финансиска загуба, пишува порталот „Инфо Старт“. Според пресметките направени од ракометната федерација на Унгарија, финансиската загуба поради елиминацијата на унгарската репрезентација се движи од 1.8 до скоро 2 милиони евра (600-700.000.000 унгарски форинти). Тие пари би биле собрани од само еден натпреварувачки ден доколку Унгарија беше присутна во главната фаза на ЕП.

Унгарија на Европското првенство  го оствари најлошиот пласман во својата историја и заврши на 15 место.