Унгарците како брз воз низ Словачка

Домаќините на следното Европско првенство Словачка и Унгарија го одиграа својот натпревар во рамки на ЕХФ Купот. Унгарците имаа одлично издание и ја декласираа Словачка со 30:15.

На овој натправар немаше резултатска неизвесност, Унгарија целосно доминираше во текот на сите 60 минути. Словачка имаше многу проблеми со реализација на нападите и до 23. минута имаше постигнато само пет гола.

Унгарија за пет минути направи серија од 5:0 за високо водство од 13:5 во финишот на првиот дел. На полувреме беше 17:8 со што Унгарците речиси ја имаа обезбедено победата. Во второто полувреме рутински одиграа за сигурна победа.

Најефикасен во репрезентацијата на Унгарија беше Доминик Мате со десет погодоци, додека Петар Топиќ постигна пет гола. Во тимот на Словачка најзабележителен беше Патрик Хрушчак со пет погодоци.