Унгарија и Шведска продолжија со победите, на чекор се до полуфинале

Селекциите на Шведска и Унгарија забележаа ја отворија втората фаза со нови победи со кои сега имаат по четири бода и се на првите позиции во групите 1 и 2, со што практично се на чекор од полуфиналето.

Шведска беше подобра од Германија со 30:25, а Унгарија од Франција со 20:16 и овие победи сигурно ќе значат многу и кога ќе се игра последното коло.

Русија ги освои првите бодови откако ја совлада селекцијата на Данска со 27:24 и остана во игра за место во натпреварите за битката за медалите. Исто така и Романија ги запиша првите два бода со победата над Хрватска од 29:20 кои и даваат надеж за место во полуфиналето.

Започнаа и натпреварите за пласман од 9. до 16. место каде што Норвешка успеа за првпат да победи на првенството, а победи остварија и Чешка против Црна Гора и Швајцарија против Словачка

ГЛАВНА РУНДА. РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА 1
ШВЕДСКА – ГЕРМАНИЈА 30:25 (15:14)
РУСИЈА – ДАНСКА 27:24 (14:12)

ТАБЕЛА: 1.ШВЕДСКА – 4 бода, 2.ДАНСКА – 2 бода, 3.РУСИЈА 2 бода, 4. ГЕРМАНИЈА – 0.

ГРУПА 2
РОМАНИЈА – ХРВАТСКА 29:20 (13:10)
УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА 20:16 (11:8)

ТАБЕЛА: 1.УНГАРИЈА – 4 бода, 2.ФРАНЦИЈА – 2 бода, 3. РОМАНИЈА – 2 бода, ХРВАТСКА – 0.

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН, РЕЗУЛТАТИ

ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВАЧКА 29:27 (15:13)
НОРВЕШКА – АВСТРИЈА 46:27 (21:14)
ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА 24:21 (10:11)