Унгарија игра во одлична форма, уште еднаш ја совлада Словачка

За неколку дена домаќините на следното Европско првенство во 2022 година, Унгарија и Словачка го одиграа вториот меѓусебен натпревар во Евро Купот. Уште еднаш Унгарците покажаа дека се подобар противник и ја совладаа Словачка со 36:26.

Унгарија продолжува со добрите настапи во ЕХФ Купот и после оваа победа остануваат на врвот на табелата. Унгарците лесно и без многу мака стигнаа до победата. Поведоа со 4:2 и 6:3, a потоа следуваше катастрофален период на Словачка.

Унгарија направи серија од 7:0 за период од осум минути со што практично го реши победникот. До полувремето Словачка успеа да намали на минус четири и на полувреме беше 19:15. На стартот на вториот дел Словаците намалија на минус еден, но до крајот на натпреварот доминираше Унгарија и стигна до двоцифрена победа.

Доминик Мате со седум гола беше прв стрелец за Унгарците, додека Топиќ и Ѓори постигнаа по шест гола. Во составот на Словачка најмногу се истакна Патрик Хрушчак со девет гола.