Украинките подготвуваат тактика, ама за погрешни македонски ракометарки (ФОТО)

Селекцијата на Украина ги заврши мини подготовките во Ужгород и денеска со лет од Будимпешта ќе допатува во Скопје.

Селекторот Виталиј Андронов изјави дека благодарение на стручниот штаб во кој се Олга Передери и Оксана Плошчинска, екс голманка на Кометал Ѓорче Петров, има одлични анализи за нашите ракометарки, но очигледно не ги знаат сите промени во ростерот.

Тие се подготвуваат за Симона Маџовска, која е повредена и ќе ја пропушти оваа акција, потоа и за Александра Коловска, Ивона Трпевска и Емилијана Ризоска…кои не се на скратениот список на селекторот Љубомир Савевски.

Веројатно имаме некој џокер со кој би можеле да ги изненадиме Украинките особено од левата бековска позиција или од пивотменската, каде што ќе игра една од повратничките, Ивана Гакидова.

Првиот меч меѓу Македонија и Украина се игра на 8 април од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е во унгарскиот град Кишварда на 11 април од 17:00 часот.