Украинките играа првпат по долго време, не можеа да ги сопрат солзите (ФОТО)

Женската репрезентација на Украина го одигра првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2022 по случувањата на тој дел од Европа и конфликтот со Русија.

Украинските репрезентативки при интонирањето на химната пред натпреварот со Хрватска, не можеа да ги запрат солзите и емоциите.

Украина беше домаќин во австрискиот град Грац и на мечот против Хрватска беше поразена со 19-26.

Сепак и покрај поразот остануваат уште шанси за место на континенталниот собир, ако победат на гостувањето кај Франција, која веќе е пласирана ЕП и на двете заостанати средби со Чешка, но ќе чекаат и Хрватска да загуби од Чешка.