Украина е без селектор, тренерот на Mотор прв кандидат за наследник

Репрезентацијата на Украина без селектор откако Никола Степанец одлучи да се повлече од оваа функција заедно со неговите помошници Евгениј Будко и Виктор Горбах.

Нема точни информации за причините поради кои се одлучиле за ваков потег така што засега е јасно само дека тие веќе не се на позициите кои ги имаа во квалификациите. Зачудува овој факт бидејќи Украина обезбеди место на Европското првенство.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите од Украина иницијативата, сепак, била од ВД претседателот на Федералниот државен универзитет, Евгениј Петрушевски.

Веќе се споменува дека има и замена за Степанец и на неговото место би требало да седне актуелниот тренер на Мотор, Гинтарас Савукинас.