Убедлив финиш и висока победа на Македонија против Бугарија

Репрезентативците на Македонија во првата постава од кадетскиот состав дојдоа до висока победа од … против Бугарија на стартот од натпреварувањето со што најавија атак на висок пласман на турнирот во „Автокоманда“. Иако почетокот беше тежок и имаше многу измени во водство откако Бугарите на моменти покажаа подобра игра, сепак, во финишот дојде до израз разликата во квалитетот и Македонија заслужено обезбеди победа.

Од стартот се играше со наизменична реализација. И Македонија и Бугарија успеваа да реализираат, а откако во 8. минута беше обезбедено водство од 5:3 дојде до криза во играта. Гостите со 4:0 серија стигнаа до водство, а потоа во 14. минута и до 8:6. Сепак, брзо следуваше враќање во ритам на кадетите од Македонија и израмнија, па после 8:8 продолжија да бидат во игра.

После 11:11 конечно дојде до менување на нештата на теренот и серија од 4:0 која донесе и убава предност која овозможи на одмор да се замине со 16:12.

Во првиот дел недостигаа одбрани на голманите, а откако во продолжение се Ацевски успеа да запре неколку топки овозможи и повеќе простор за игра на своите колеги, па работите тргнаа на подобро. Постепено се зголемуваше водството, а како наближуваше крајот на средбата така стануваше јасно дека ова ќе биде висок триумф.

До крајот од натпреварот разликата најмногу се искачи до девет гола откако финишот на кадетите од Македонија беше одличен за старт со 31:22 што е најава за убав турнир.

МАКЕДОНИЈА A – БУГАРИЈА     31:22 (16:12)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

МАКЕДОНИЈА: Ацевски(8 одб.), Стојановски (2 одб.), Крстевски 3, Тодевски 3, Илиески 3, Фидановски 4, Ташевски 1, Грујевски 1, Ташев 7, Спасовски 1, Мишевски, Ѓорѓески 2, Андрески 1, Атанасијевиќ 2, Стојчевиќ, Ставревски 3.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 14 мин.

БУГАРИЈА: Луканов (6 одб.), Петров (5 одб.), Спасов, Симеонов 2, Станев, Крастев 1, Атрев, Ванчев, Москов 2, Генов, Тончев, Костадинов, Хасан 5, Грозев 1, Николов 4, Иванов 7.

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 6 мин.